Сали: Треба да научиме да живееме со Ковид-19, болеста ќе трае

од Nikola Popovski

Постојано повикувам на масовна вакцинација. Ковидот ќе трае и уште ќе трае и ќе биде дел од нас. Треба да научиме како да работиме со ковид. Има одредени држави каде позитивни со болеста одат на работа. Преземаме мерки за пост-ковид периодот како министерство преку набавка на опрема за да се справиме со последиците и го спремаме кадарот, вели министерот за здравство, Беким Сали во гостувањето на емисијата „Вин-вин“.

Министерот потенцира дека за идната година ќе мораме да спремиме нова стратегија и мисли дека во иднина не очекува многу поголем поширок фронт со справување на други здравствени проблеми.

-Ние навремено не ги пријавуваме и спречуваме компликациите во организмо, за кои што сметам дека е одговорност и на лекарите од примарно ниво, посочува Сали и апелира дека многу важна ќе биде пост-ковид фазата.

Слични содржини