Сали: За мене како приоритет останува новиот Клинички центар

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Беким Сали информира дека за него како министер – приоритет останува новиот Клинички центар.

-Поради немање моментално до денес најдобро финансиско решение за тој проект, продолжуваме со реновирање и адаптирање на условите за секојдневна работа на нашите клиники. Се до моментот на затворање на мозаикот за реализација на таков капитален проект, ние ќе продолжиме со обновување на сите болници, рече Сали на отворањето на реновираниот Хируршки ургентен центар на скопските клиники.

Тој е оптимист дека до крајот на мандатот ќе се удрат темелите на новиот Клинички центар.

-До моментот на темел, тоа се 70% подготовки, а 30% е реализација на градежни работи, појасни Сали.

Слични содржини