Сали за „Жан Митрев“: Во С. Македонија нема недопирливи, ќе има одговорност доколку се утврди

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Беким Сали информира дека е пратен допис до Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш да се направи вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница „Жан Митрев“ после објавата на ИРЛ.

-Кога ќе ја добијам информацијата ќе ја известиме јавноста. Агенцијата за лекови МАЛМЕД веќе иницираше вонреден инспекциски надзор по однос на тоа дали е почитувана постапката за клиничко испитување на хемофилтрација како метод на лекување од Ковид-19. Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во „Жан Митрев“ и овој наод ќе го имаме уште во текот на утрешниот ден, рече Сали на вонредна прес-конференција.

Сали потенцира дека Извештајот ќе биде доставен до надлежните институции.

-Министерството за здравство моравме да ги добиеме сите информации за да ја севкупната слика за да на јавноста и доставиме издржани информации. Семејствата на пациентите заслужуваат да бидат информарани за сите сознанија. Ја поздравувам постапката на ОЈО за отворање на предмет по овој случај. Во Македонија нема недопирливи, ќе има одговорност доколку се утврди, кажа министерот.

Слични содржини