Салиу: Тоа што сега се случува во Америка може многу лесно и нас да ни се деси

од Vladimir Zorba

„Гледам дека сликава од вчера се врти низ социјалните медиуми, а не гледам друга цел освен тоа дека некој упорно се труди да впере прст кон една етничка групација како дежурен кривец за се што не чини во државава и тоа страшно ме иритира“, пишува Ваљон Салиу, портпаролот на Град Скопје.

„Да, можеби на прв поглед изгледа страшно кога ќе ја видиш бројката од заразени во Чаир, но тоа не е генералната слика ако анализираме подетално.

Ајде вака! Еве една проста и груба математика.

Ако ги делиме општините по национална основа, со жолта боја може да се означат општините каде генерално живеат не-албанци. Вкупната бројка на заразени во тие општини е 250, или ако ја прикажеме во проценти испаѓа дека 47% од активните случаеви во Скопје, живеат во “не-албански општини”. Ова само потврдува дека болеста не познава ни вера, ни нацоналност, ни пол а богами ни возраст.

Ако не сега, стварно незнам кога ќе бидеме заедно. Би сакал еднаш засекогаш да искочиме од овие бариери и да не ги разликуваме луѓето врз основа на припадност, вера и слично. Тоа што сега се случува во Америка може многу лесно и нас да ни се деси. Дајте еднаш засекогаш наместо да шириме омраза, да си подадеме рака и да си помогнеме едни на други, особено во моменти кога тоа ни е најпотребно.

Сите го осудивме дечкото кој ги навреди азијците сред Скопје. Гледате некоја разлика помеѓу него и тие кои со причина ја споделија сликава? Јас не!“, вели тој.

Слични содржини