Салма Хајек ги почести фановите со провокативен танц, па покажа премногу (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Откако беше воодушевена од бројот на следбеници на Инстаграм, познатата актерка Салма Хајек реши да го прослави тоа танцувајќи во пењоар и на тој начин се заблагодари за лојалноста. Она што не го очекувала е пењоарот да ѝ се лизне од телото и да ги открие нејзините интимни делови.

И покрај неочекуваниот гаф, тоа не ја вознемири Хајек, која продолжи да танцува додека нејзините пријатели се смееја во позадина.

„24 милиони следбеници, 24 милиони причини за насмевка. Ви благодарам на сите што ми се придруживте на ова лудо патување“, напиша таа покрај видеото, додавајќи дека „не може да ја задржи возбудата и благодарноста“.

Она што сега навистина ги интересира фановите е нецензурираната верзија на снимката на 56-годишната актерка.

Слични содржини