Салма Хајек со топлес фотографија и го честиташе роденденот на својата ќерка (фото)

од Nikola Popovski

Актерката Селма Хајек на необичен начин го одбележа 13-от роденден на својата ќерка Валентина Палома. Таа објави стара топлес фотографија на која е бремена.

„Утре, малото бебе што се роди во мојата утроба официјално станува тинејџер. Растат толку брзо… “, напишала Хајек под фотографијата која доби над милион лајкови.

Нејзините фанови во коментарите и го честитаа роденденот на Валентина и го пофалија изгледот на Селма.

„Среќен роденден, растат пребрзо“, „Бог одвои дополнително време кога те создаде“, „Неверојатно си убава“, се само дел од коментарите под фотографијата.

Селма и францускиот милијардер Франсоа Анри Пино ја добија Валентина во 2007 година, а се венчаа две години подоцна.

loading...

Слични содржини