Глумецот кој го глумеше култниот лик на Чендлер Бинг во Friends боледува од депресија, а Холивуд одамна го има отфрлено.
Метју Пери, кој светот го препознава како Чендлер Бинг, денес слави јубилеј, полни точно 50 години. Но, нема со што да се пофали. Во последниве години често е фотографиран со несредени ноќти, валкана коса, дури и со лузна на лицето.
Тој никогаш не криеше дека боледува од депресија, а тоа се одрази и на неговата кариера. Последниот филм кој го сними беше 17 Again пред точно десет години, а оттогаш се појавуваше само во серии, но никогаш како главен лик. Од 2017 се нема повеќе појавено ниту таму.
Кога станува збор за Friends, Пери еднаш изјави дека не би се нафатил повторно да снима и дека всушност помислата на такво нешто му создава кошмари.
Актерот е роден на денешен ден во Вилијамстаун, Масачусетс во 1969 година.