Самарас, Караманлис и Бакојани во минатото ја прифатиле „Македонија“

од desk4

И покрај евидентниот оптимизам  кај грчката и кај македонската влада, некои политички фактори и партии во Грција кои речиси три децении се вклучени во спорот одбиваат да изнесат јасна позиција, иако во минатото многумина од нив биле мошне блиску до неа.

Медиумот посочува дека во минатото тројца политичари од конзервативната партија Нова демократија зазеле став во однос на прашањето за името.

Прв, кој дал потврда за името Македонија бил Андонис Самарас ,кој во 1991 година ја потпишал спогодбата во која „ПЈРМ“ од него била наречена „Република Македонија“.

И поранешниот премиер, Костас Караманлис, кој сега прокламира дека „Македонија е грчка и една“, во Букурешт во 2008 година признал дека постојат и „други Македонии“, како  географски регион, кој се простира во други земји.

Дора Бакојани, која во  тоа време бешеа министер за надворешни работи, според Документо  била „архитект на решението на проблемот со името„.

На смитот на НАТО во Букурешт, кога  во 2007 година на дневен ред  бил приемот на Република Македонија, Бакојани излегла со позиција за решение со име со географска одредница.

За неа прифатливо било името „Република Горна Македонија“, а можно било да се разгедува варијантата „Нова Република Македонија“, тврди  грчкото издание „Документо“, чие истражување го пренесува МИА.

 

Слични содржини