Самарас за Договорот од Преспа: Само неподнослива штета за Грција, дадовме име, идентитет и јазик!

од Vladimir Zorba

Само неподнослива национална штета, давајќи име, идентитет и јазик, вели поранешниот грчки премиер, а сега пратеник од Нова демократија Андонис Самарас во интервјуто за „Катимерини” во однос на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, објаснувајќи ги неговите ставови, најавува дека кога трите меморандуми со Македонија ќе дојдат за ратификација во Парламентот, тој нема да гласа за нив.

– Прво, не „решивме” никаков проблем, едноставно проблемот што го имавме се трансформираше во друг – поопасен! Што ги инволвира и Бугарија и Албанија и Косово. И други, со многу видови на „желби”. Второ навлегувањето на Турција во регионот, не беше прекинато по Договорот од Преспа. Напротив, се зајакна. И на крај, земјите кои нѐ притискаа да отстапиме пред Скопје, кога дојде време да се справиме со провокациите на Турција, не ја поддржаа Грција!, вели Самарас во интервјуто, пренесе МИА.

Додава дека напротив, „некои продолжија да ја опремуваат Турција”, а земјите што сега отворено ја поддржуваат Грција, „како што е Франција на пример, не ја поддржаа силно интеграцијата на Скопје во Европа”.

-Според тоа, ниту проблемот се реши, ниту Грција виде нешто добро. Само неподнослива национална штета, давајќи име, идентитет и јазик! Што очекувате да направам?, коментира поранешниот грчки премиер во однос на тоа каков ќе биде неговиот став кога меморандумите ќе бидат ставени на гласање во Парламентот.

Слични содржини