Сами Кедира објави крај на својата кариера

од Stefanija Kuzmanovska

Последното коло од претстојната Бундеслига ќе означи крај на сезоната, но и крај на една брилијантна кариера.

Човекот кој освои скоро сè што можеше да се освои на зелениот терен, Сами Кедира, реши да се збогува со фудбалот на 34-годишна возраст. Искусниот играч за врска и помогна на Херта да избегне испаѓање и реши да стави крај на неговата фантастична кариера.

За прв пат му се случи да се бори за опстанок наместо титула, но тој успешно ја заврши таа задача.

„По натпреварот во сабота, ќе биде вистинското време да се збогуваме. Многу сум горд што имав можност да ги искусам сите тие прекрасни моменти со вас. Благодарам на сите навивачи, соиграчи, тренери и секако на семејството и пријателите“, рече Кедира преку социјалните мрежи.

Во својата богата кариера, Кедира ја освои титулата германски шампион со Штутгарт, седум пехари со Реал, од шпански шампион, преку ЛШ до Светско клупско првенство, потоа девет трофеи со Јувентус, додека во дресот на германската репрезентација беше светски шампион во 2014 година и европски шампион со младинскиот тим во 2009 година.

Слични содржини