Со неколку трикови, Новата година дома ќе се претвори во незаборавна вечер.
Секогаш можете „да играте на сигурно“ – да седите во кревет до вашиот партнер и да ги одберете омилените филмови, но Нова Година може да биде вистинското време да пробате нешто ново и да го изненадите партнерот.
ХРАНА КАКО АФРОДИЗИЈАК
Заборавете на традиционалната новогодишна трпеза. Сарма, свинско месо, руска салата и слични деликатеси, особено ако не сте умерени, бидејќи ќе ве презасити и успие. Наместо тоа, изберете интересен рецепт кој ќе содржи природни афродизијаци.
Пред вас е голем избор – остриги, смокви, банани, бадеми, мед, чоколадо, се само некои од намирниците кои може да го зголемат вашето либидо. Се разбира, црвеното вино се подразбира.
ИЗНЕНАДЕТЕ ГО
Се верува дека црвената долна облека носи среќа. Сигурно со години бирате црвени гаќички. Па, време е за драстична промена – црна чипка, прслук, мрежаст костум, високи потпетици … или ништо под фустанот. Не е важно што ќе одберете – важно е вашиот партнер да не го очекува тоа. Факторот на изненадување несомнено ќе го остави без здив.
Можете исто така да му купите нему долна облека во која сакате да го видите.
ПОДГОТВЕТЕ ВЕЧЕРА ЗАЕДНО
Изберете специјалитет што досега не сте го пробале и уживајте во заедничката подготовка. Пуштете музика, пијте вино и опуштете се.
ДРУШТВЕНИ ИГРИ
Сакате друштвени игри, а немате време за нив. Новата година може да биде одлична можност – кога веќе сте дома. Друштвените игри се одличен начин да си поминете убаво. Можете исто така да играте и карти.