Самит на ЕУ во Брисел – лидерите за помош за Украина, санкции за Русија и кандидатски статус за БиХ

од Stefanija Kuzmanovska

Во Брисел се одржува самит на шефови на држави или влади на Европската унија. Главна тема ќе биде помошта за Украина, а ќе се разговара и за деветтиот пакет санкции против Русија, за чие воведување не е постигната согласност на пониски нивоа. За проширувањето ќе се разговара и во Брисел, а ќе се потврди и статусот на Босна и Херцеговина како кандидат за членство.

Лидерите на Европската унија се среќаваат на еднодневен самит во Брисел, а главна тема на состанокот е поддршката за Украина, јавува репортер на РТС.

Се очекува одобрување на пакетот помош од 18 милијарди евра за Украина и продолжување на хуманитарната и воената помош, но ќе се разговара и за деветтиот пакет санкции против Русија.

Ќе се разговара и за економските прашања, енергетиката, ограничувањето на цената на енергијата, како и начините на кои Европската унија ја одржува својата економија конкурентна, имајќи ги предвид субвенциите воведени од САД.

Покрај сите бројни теми кои ќе бидат на дневен ред на еднодневниот самит во Брисел, ќе се зборува и за проширувањето, но не се очекува поголема дебата. Лидерите денеска ќе ја потврдат одлуката за статусот на кандидат за Босна и Херцеговина.

Слични содржини