Самитот на АПЕК заврши без заедничка изјава поради несогласувања меѓу Пекинг и Вашингтон

од Vladimir Zorba

Челниците од државите од Азија и Пацификот кои беа собрани на самитот на АПЕК во Папуа Нова Гвинеја, не успеаја да постигнат договор за заедничка завршна декларација поради несогласувањата меѓу Кина и САД за влијанието во регионот.


Наместо да биде донесен заеднички документ од средбата, домаќинот ќе објави изјава во својство на претседавач.

Учесниците на самитот одлучија „наместо традиционална декларација на лидерите да ја остават Папуа Нова Гвинеја како претседавач да направи изјава од името на сите учесници“, изјави претставник на кинеската делегација.

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја, Питер О’Нил рече дека лидерите имале „квалитетни дискусии“, но и дека признале за „зголемени тензии“ во областа на трговијата меѓу некои држави.

Слични содржини