Самитот од гледна точка на Трамп: Русија е единствениот победник

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп оцени дека Русија е единствениот победник на самитот во Женева и дека Вашингтон не добил ништо.

„Тоа беше добар ден за Русија“, рече Трамп, додавајќи дека Америка не добила ништо од самитот со рускиот лидер.

„Не добивме ништо, ја препуштивме сцената на Русија“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Тој исто така изјави дека Америка не е во можност да го запре „Северен тек 2“, што, според него, било важно да се направи.

Трамп исто така вели дека руско-американските односи би можеле да бидат „неверојатни“.

„Ним им е потребна економија, а на нас работите што ги имаат. Тие имаат многу вредно земјиште од аспект на минералните суровини“, изјави поранешниот американски претседател.

Додаде дека тој лично имал многу добри односи со Владимир Путин и дека во исто време никој не бил толку жесток кон Русија како што бил тој.

Слични содржини