Само 6 заразени лица по концерт со 5.000 луѓе во Барселонa

од Vladimir Zorba

По рок-концертот со 5.000 луѓе, кој се одржа како тест на 27 март во Барселона, нема знаци на зараза, објавија организаторите во вторникот.

Две недели по тој концерт, сите учесници беа подложени на PCR тестирање и „нема знаци дека вирусот е пренесен за време на настанот, што беше целта на оваа студија“, рече д-р Хосеп Марија Либре на прес-конференција.

Публиката, која беше подложена на тестови на антиген пред концертот, носеше маски FFP2.

Според лекарите, само шест позитивни случаи од 5.000 посетители биле откриени две недели по концертот, а организаторите се сигурни дека за „четири од овие шест случаи, не се случило пренесување на вирус за време на концертот“.

Безбеден простор

„Со оптимизирана вентилација, тестирање на антиген и носење маска, можеме да гарантираме безбеден простор“, додаде тој.

Покрај тестовите и маските FFP2, строго се контролираа и вентилацијата, како и објектите за прием на критичните места, како што се тоалетите.

Организаторите сакаа да покажат дека концерти се можни и покрај пандемијата, и ова искуство е едно од ретките што се случило во Европа на актуелната музичка сцена.

Втор ваков концерт се одржа на почетокот на март во Холандија со 1.300 посетители.

Уште во декември, истиот тим на истражувачи организираше пилот проект во сала во Барселона со 500 посетители кои претходно беа тестирани. Неколку дена подоцна, никој не беше заразен со коронавирусот.

Слични содржини