Само градоначалниците на Љубљана и Загреб земаат поголема плата од Арсовска

од Nikola Popovski

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска има над 2000 евра плата, што е најмногу од градоначалниците во главните градови на земјите од Западен Балкан, објави српски „N1“.

Според објавеното, Арсовска има месечна плата од 2036 евра, а пред неа се само првите луѓе на Љубљана и Загреб.

Месечната плата на градоначалникот на Подгорица е 1.562 евра, градоначалничката на Сараево Бенјамина Кариќ заработува 1.510 евра месечно, без надоместоци, додека најниска плата во споредба со другите градоначалници на поголемите градови во регионот има првиот човек на Белград, Александар Шапиќ – 1.399 евра.

Апсолутен рекордер по заработка во земјите од поранешна СФРЈ е градоначалникот на Бјелина, Љубиша Петровиќ, чија месечна плата е 3.305 евра. По него е најплатениот градоначалник во Хрватска – првиот човек на Задар, Бранко Дукиќ, кој заработува 3.026 евра месечно, додека примањата на другите градоначалници на најголемите градови во регионот се под 3.000 евра.

Просечната плата на градоначалниците на десетте најголеми градови во Словенија е 2.555 евра, во Хрватска е нешто помала и изнесува 2.422 евра, додека просечната во Босна и Херцеговина е 1.934 евра. Градоначалниците на најголемите градови во Србија имаат најниска просечна плата на територијата на поранешна СФРЈ – 1.092 евра.

Слични содржини