Само маж и жена можат да посвојат дете во Унгарија

од Nikola Popovski

Највисокиот европски супервизор за човекови права изјави денес дека неодамна воведениот закон во Унгарија, со кој се регулираат бракот и родовиот идентитет, ризикува дискриминација на ЛГБТ луѓето.

Амандманите на унгарскиот устав во декември 2020 година ја сменија дефиницијата за семејства и ги исклучија трансродовите и ЛГБТ лицата со дефиниција дека „мајката е жена, а таткото е маж“, пишува АП.

Венецијанската комисија, која се занимава со прашања поврзани со човековите права на Советот на Европа од 47 земји, рече дека унгарскиот „закон Омнибус“ може да одговара само на родителите хетеросексуалци.

„Овој уставен амандман не треба да се користи како можност за повлекување на постојните закони за заштита на нехетеросексуалните лица или за измена на тие закони на нивна штета“, се наведува во анализата на мислењето на Комисијата за законите.

Браковите меѓу две лица од ист пол се забранети со закон во Унгарија, но се признаваат истополови граѓански партнерства. Законот вели дека само брачните парови можат да посвојуваат деца. Овој закон директно ја исклучува можноста парови со ист пол или самци да посвојат дете.

Комисијата соопштила дека треба да се воспостават јасни критериуми за формализирање на оваа нова „дискреционо овластување“ на министерот за давање или одбивање на согласност за посвојување дете.

Советот на Европа не е дел од Европската унија, но мислењата на Венецијанската комисија ги зема предвид извршната власт на ЕУ кога се сомнева во некои прашања, пренесува Танјуг.

Слични содржини