Само по маицата на своето момче: Хали Бери позираше без панталони (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Хали Бери никогаш не престанува да воодушевува со својот изглед. На една од последните фотографии, 54-годишната актерка позира во маицата на своето момче, музичарот Ван Хант. Под маицата може да се видат црни гаќички, а насмеаната актерка држи чаша пијалок.

Фановите не штедеа на комплименти.

„Изгледаш навистина среќно“, „Сакам да те гледам среќна, тоа ме прави и мене среќен“, „Сакам да ве гледам двајцата заедно“, „Ти си многу прекрасна кога си за заљубена“, пишуваа обожавателите.

„Зарем не е неверојатна вистинската љубов? праша една обожавателка, а Хали одговори брзо.

„Да, така е“, напишала актерката.

Инаку, Хали пред два месеци објави фотографија во истата маица и на тој начин им откри на фановите дека нејзиното ново момче е Ван Хант.

„Сега знаете“, напиша таа под фотографијата, потврдувајќи ги гласините дека е повторно за заљубена.

Слични содржини