Само ревакцинирани лица ќе можат да се сретнат со папата во Словачка

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск ќе ја посети Словачка во септември и по тој повод само целосно вакцинираните ќе можат да се сретнат со него лице в лице, објави денеска министерот за здравство Владимир Ленгварски, пренесува агенцијата ТАСР.

Покрај Словачка, Папата ќе го посети и главниот град на Унгарија, Будимпешта, на 12 септември, за време на мини турнеја низ Европа.

Истиот ден, тој ќе замине за Словачка, каде ќе остане до 15 септември и ќе ги посети Братислава, Кошице, Прешов и Частин.

Претходната посета на папата на Словачка се случи во 2003 година, кога дојде папата Јован Павле Втори.

Слични содржини