Само Ријана може вака: Потпетици во кои секој се прашува како оди и здолниште со крзно, а горе уличен стил (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Американската пејачка Ријана (33) беше фотографирана во Њујорк, а нејзиниот изглед го привлече вниманието на сите присутни папараци.

Пејачката беше во повеќе од невообичаена комбинација која дефинитивно малкумина можат да ја изнесат, а судејќи по фотографиите, сепак нема проблеми.

Ријана носеше здолниште со крзнени детали, раскопчан дуксер под кој можеше да се види градникот, а околу вратот имаше куп накит. Посебен печат на целокупниот впечаток даде шамијата што пејачката ја врзала околу главата.

Најбогатата пејачка на светот шеташе по улиците на Њујорк во сандали со огромни потпетици од околу 15 сантиметри, па многумина се прашуваа како таа успева да оди.

„Божица на убавината“, „Совршена“, „Што носи?“, „Се надевам дека не е вистинско крзно, инаку наскоро ќе биде цел на Друштвото за заштита на животните“ , „Само Ријана може да го носи ова“, се некои од коментарите.

Да потсетиме, Ријана пред неколку месеци организираше онлајн модна ревија „Savage X Fenty Show“ која се емитуваше на платформата „Prime Video“ на Амазон.

Благодарение на продажбата на шминка и долна облека под нејзино име, моментално е „тешка“ 600 милиони долари и се наоѓа на листата на најбогатите жени во светот.

Слични содржини