Само во холивудските филмови се случува тоа вчера што се случи во Собранието, вели Хоџа

од Берта Китинска

Тоа што вчера се случи не беше предвидено и тоа се случува само во холивудските филмови, вели генералниот секретар на Беса и досегашен министер за земјоделство Арјанит  Хоџа објаснувајќи ја вчерашната ситуација во Собранието.

Тој истакна дека никој не можел да го предвиди тоа што вчера се случило во Собранието.

– Како што ќе течат работите, така ќе делува и нашата партија. Чекор по чекор. Сега никој не може да предвидува како понатаму. Тоа што вчера се случи не беше предвидено и тоа се случува само во холивудските филмови. За господинот Зоран Заев сме кажале дека го почитуваме, направил многу за евроинтеграциските процеси, но во моментов не е загрозен патот на државата кон ЕУ, туку е загрозена демократијата во државата. Главниот виновник е ДУИ и ДИУ треба да се реформира. Нашите потези и нашата ориентација кон ЕУ е многу јасна, истакна Хоџа.

Слични содржини