Само во последните 24 часа во Скопје санкционирани 221 возач

Само во изминатото деноноќие во главниот град, МВР санкционираше 221 возач.

Од изречените мерки, 58 се за управување со брзина поголема од дозволената, 15 за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила, две за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и четири за поминување на црвено светло на семафор.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини