Само во Русија: Мечето Глаша дојде да гласа за судбината на Путин (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Денес е последниот ден во Русија во кој граѓаните можат да го искажат своето мислење за предложените уставни реформи, а вработените во зоолошката градина во Барнаул, во руската република Алтај, донесоа мало мече на гласачкото место.

Како што изјави за РИА Новости директорот на зоолошката градина, Сергеј Писарев, името на мечката е Глаша и тоа е сирак. Пред неколку месеци, било пронајдено во близина на шумата и сместено во зоолошка градина.


Мечето „гласаше“ на место кое се наоѓа во гимназијата во Барнаул, а на видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа дека Глаша се качува на стол, грицкајќи од шишето со антисептик, повлекувајќи ја кутијата за хартии од масата и ја грицна за раката жената во изборната комисија.

Писарев рече дека кога Глаша се појавила во средното училиште, завладеало воодушевување кај децата и членовите на изборната комисија, кои не очекувале таков посетител. Тој изјави дека вработените во зоолошката градина и претходно доаѓале на избирачките места со животни.
– Ова не е малтретирање на животните, затоа што навистина ги сакаме животните, се грижиме за нив. Тоа беше уште една прошетка со нив – рече Писарев.

Глаша е стара околу пет месеци, а нејзината мајка најверојатно била убиена од ловокрадци.

 

Слични содржини