Самостојноста не е лесна: Хари и Меган се најдоа во неволја?

од Elena Daskalova

Принцот Хари и неговата сопруга, војвотката Меган, уште на самиот почеток од своето осамостојување од кралското семејство сфатија дека тоа можеби и не беше лесно како што замислуваа.

Тие се обидоа да го заштитат својот бренд „Сасекс ројал“, но еден доктор од Австралија поднел жалба против тоа. Тие сакаа да го искористат своето препознатливо име за да почнат хуманитарна фондација.

На нивното барање за регистрирање на трговска марка „Сасекс ројал“ жалба поднел докторот Бенџамин Форчестер од Викторија, Австралија, кој студирал медицина во Лондон, а таму и работел. Причините за неговата жалба уште не се познати, а Меган и Хари веќе имаат полни раце работа во обид да дознаат што се крие зад овој потег, но и како да се справат со ваквите сопки, кои можеби воопшто и ги немале додека беа сениор-членови на кралското семејство.

Неодамна тие морале да се сложат да вратат 2,4 милиони фунти данок за реновирањето на нивната куќа во Фрогмор. Принцот Хари веќе не ја користи титулата „неговото височество“, но и понатаму е војвода од Сасекс, благодарение на принцот Чарлс, кој се изборил оваа титула да не му биде одземена.

Слични содржини