Самостојна изложба „ВРАМЕНА РАЗЛИЧНОСТ“ од Мартин Џепароски

од Vladimir Zorba

Во понеделник 3 април во 19 часот во Порта Македонија ќе биде отворена изложбата „Врамена различност“ на Мартин Џепароски.

Мартин Џепароски е роден 26.10. 1991 година во Скопје.

Во 2010 година, завршил средно училиште “Лазар Личеноски” во Скопје отсек вајарство.

Дипломирал на вајарство и сценографија на ФЛУ во 2015 година во класата на проф. Ибрахим Беди.

Изложбата ги претставува истражувањата на авторот за различностите, но и за сличностите меѓу луѓето и животните. За добрината на св. Мартин кој својот плашт го подарува на сиромашниот и скудно облечениот, но и за трансформациите на самиот современ човек кој визуелно и суштински се видоизменува. Затоа светот на човекот и светот на животните во визуелните претстави е толку различен: од реално до иреално, од генетски немодифицирано до генетски модифицирано, од здраво до нездраво и до мутирано.

Авторот ослободен од правилата, но со голем силен и експлозивен набој на емоции верува дека на платната може да талка кон она што сака да го претстави а во основа е непретставливо. Сето ова на тој начин станува само еден дел од светот на неговите врамени различности.
Проектот е поддржан од македонското министерство за култура, Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје и Порта Македонија – Скопје.

Слични содржини