Самоубиствата на ќерките ги спои, тројца Англичани со предизвик за спречување идни трагедии (ВИДЕО)

од Milan_M

Тројца татковци чии ќерки си го одзеле животот ќе пешачат 300 километри во текот на две недели за да соберат пари за добротворна организација за спречување самоубиства, пренесува „Би-Би-Си“.

Енди Ејри, од Камбрија, ја загубил својата ќерка Софи непосредно пред Божиќ, 2018 година. Ќерката на Мајк Палмер, Бет, од Голем Манчестер, имала 17 години кога си го одзела животот во март 2020 година. Тим Овен, од Норфолк, ја загубил својата 18-годишна ќерка Емили само неколку дена пред тоа.

Татковицте ќе шетаат 20 милји дневно помеѓу нивните домови, почнувајќи од куќата на Енди во Морланд, Камбрија, потоа ќе се упатат кон Сале во Голем Манчестер и ќе завршат во Ташам во Норфолк.

Тројцата се надеваат дека прошетката ќе собере пари за добротворната организација „Папирус“ за превенција од самоубиства, како и свест за помошта што е таму.

Слични содржини