Самоубиствата во американската војска растат со голема брзина!

од Vladimir Zorba

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин рече дека податоците за зголемувањето на бројот на самоубиства во рамките на американските воени трупи се загрижувачки и нагласи дека Министерството за одбрана на оваа земја работи на тоа да им обезбеди на војниците подобар квалитет на живот.

Според податоците на Министерството за одбрана на САД, во текот на 2020 година, 385 активни војници на оваа земја извршиле самоубиство, што е ненадеен пораст во споредба со 326 случаи пријавени од Пентагон две години порано.

– Длабоко сум загрижен за самоубиствата. Во овој случај, едно самоубиство е премногу. Иако работиме напорно за да ги отстраниме сите проблеми во армијата, пред нас останува уште многу работа – рече Остин.

Според Министерството за одбрана, најмалку шест војници извршиле самоубиство на подрачјето на Алјаска од 30 декември, а факторот што првенствено влијаеше на ваквите настани е стресот, односно непредвидливата иднина со која се соочуваат американските војници.

Еден од воените службеници во изјава за „УСА Тудеј“ рече дека барањата на воените команданти кон војниците се зголемуваат, што секако има негативно влијание врз менталната состојба на војниците.

– Војниците стационирани на Алјаска се соочуваат со тешки временски услови, географска и социјална изолација и често одат на обука. Војниците се соочуваат и со високи трошоци за живот, како и со нарушувања на спиењето – пренесува Гардијан.

Покрај тоа, се наведува дека во областите каде биле забележани самоубиства на војници, особено во Алјаска, имало зголемување на продажбата на алкохол, што станало дел од секојдневниот живот на војниците распоредени во овој дел од државата.

Поради тоа, воените команданти наредија да се ограничи работното време на продавниците за продажба на алкохол во воените бази.

Американските воени претставници веќе неколку пати ги посетија воените бази на оваа земја на Алјаска и ветија дека ќе донесат значителни промени насочени пред се кон подобрување на квалитетот на животот на војниците.

– Лидерите се обврзаа на подобрување на условите во становите, како и во спортските сали кои ќе работат 24 часа на ден. Основните дневни парични додатоци за храна ќе се зголемат за 10 проценти со цел да се овозможи подобар квалитет на живот на американските војници – се наведува.

Слични содржини