Samsung Galaxy A8s е првиот паметен телефон во светот со камера вградена во екранот

од Vlatko K

Samsung Galaxy A8s е долгоочекуваниот уред кој беше предмет на многу шпекулации во последниве недели.

Корејскиот гигант официјално го претстави паметниот телефон и потврди многу од карактеристиките што сите очекуваа да ги видат.

Најинтересната карактеристика на Samsung Galaxy A8s несомнено е предната камера која е вградена во самиот екран.

За да се постигне овој ефект, инженерите на компанијата направија мала дупка во горниот лев агол,
користејќи специјални ласери.

Тоа е местото каде се наоѓа сензорот во прашање.

Новиот паметен телефон е опремен со 6.2-инчен Full HD + дисплеј од 2340×1080 пиксели и сооднос на страните од 19,5: 9. Екранот е базиран на Innity-O дизајнерскиот јазик на Samsung.

Високите перформанси ги гарантира Qualcomm Snapdragon 710 процесор, кој е дополнет со RAM меморија од 6GB или 8GB. Вградениот капацитет за складирање е 128GB, но може да се зголеми со слот за microSD картичка, објави Pocket-Lint. На задната страна има тројна камера.

Еден објектив има резолуција од 24MP и е надополнет со Ultra Wide и 5MP Depth сензори од 120 степени. Samsung Galaxy A8s работи со Android 9.0 Pie и ќе се продава во три различни бои: сина, зелена и сива.

Пред-нарачките започнуваат во Кина на 20 декември, кога ќе разбереме која цена ќе биде.

Како заклучок, ќе кажеме дека официјалниот старт на продажбите на паметниот телефон на
европскиот пазар веројатно ќе биде во првиот квартал од следната година.

Слични содржини