Samsung Galaxy Note 10 ќе чини 999 евра во Европа

од Vlatko K

Долгочекуваниот смартфон е предмет на многу шпекулации во изминатите недели и веќе ве
информиравме како ќе изгледа Samsung Galaxy Note 10. Нема да ни се наметнува да чекаме
предолго за да дознаеме повеќе за подобрувањата во уредот, бидејќи официјалната премиера ќе
стане факт на 10 Август. Сега неколку недели пред претставувањето, се појавија информации колку
паметниот телефон ќе чини во Европа, објави „mswpoweruser“.

Време е да споменеме дека Samsung ќе продава две различни верзии на уредот. Основниот модел
кој ќе биде опремен со 6.3-инчен дисплеј и веројатно нема да одржува 5G мрежи ќе биде достапен
за 999 евра. Ова е истата цена, за која корисниците можат да го добијат Samsung Galaxy S10.

Разликата е во тоа што кај S10 сумата е за 128GB верзија, додека Galaxy Note 10 ќе предложи два
пати повеќе вградена меморија за истата цeна.

Во исто време, поскапата верзија ќе биде опремена со 6,7-инчен динамичен AMOLED екран и
дополнителен Time-of-Flight 3D (ToF) камера сензор во задниот дел. Цената на Samsung Galaxy Note
10+ ќе биде 1.149 евра за моделот со 256GB меморија, а компанијата исто така ќе продава
конфигурации со 512GB и 1TB. Официјалната премиера на уредите сигурно ќе ја заостри
конкуренцијата во премиум сегментот на пазарот на паметни телефони.

Слични содржини