Самсунг може да ги блокира телевизорите низ целиот свет

од Nikola Popovski

Компанијата „Самсунг“ претстави нова технологија „ТВ блок“, со која може од далечина да го блокира украдениот уред, објави порталот „Блипинг компјутер“. Претставниците на корпорацијата веруваат дека оваа функција ќе обезбеди сигурност и ќе го намали бројот на случаи на кражба на ТВ. Технологијата ќе биде достапна само за сопствениците на ТВ кои ќе треба да обезбедат доказ дека го купиле уредот.

Компанијата го објасни механизмот на работа на уредот „ТВ -блок“: Откако телевизорот ќе се поврзе на Интернет, специјален алгоритам ќе го провери серискиот број на уредот на списоците на украдени или нелегално продадени производи. Во случај броевите да се совпаѓаат, програмот покажува дека телевизорот е украден, а потоа автоматски ќе ги исклучи сите негови функции.

Новиот програм ќе се активира на сите телевизори од овој бренд. Технологијата ќе биде особено корисна за време на масовни немири, бидејќи луѓето нема да можат да ги украдат уредите „Самсунг“, а да пројдат неказнето, велат производителите.

Во јули 2020 година, „ТВ -блок“ беше успешно тестиран во Јужноафриканската Република по серија кражби во продавници.

Слични содржини