Samsung може да го претстави Galaxy Note 10 на 10-ти август

од Vladimir Zorba

Минатата година, Samsung го претстави Galaxy Note 9 на 9 август, а сега се очекува дека следната генерација во серијата Galaxy Note ќе дебитира во истиот месец. Информациите од Јужна Кореја дури укажуваат на точниот датум, имено на 10-ти август. Можно е да се поврзе со бројката во серијата и не е случајно дека Samsung може да го избере тој ден.

Се очекува дека два модели ќе бидат презентирани оваа година – Note 10 и Note 10 Pro. Неодамна, се појавија рендери на двата уреди, што покажува дека тие ќе имаат сличен дизајн. Исклучок е големината на екранот, батеријата и бројот на сензори во главната камера.

Рендерите го потврдија отсуството на 3,5 милиметарски приклучок и посебно копче за лансирање на Bixby.

Слични содржини