Samsung потврди дека е во преговори да стане снабдувач на Tesla

од Vladimir Zorba

Околу една година се шпекулира дека јужнокорејската компанија Samsung се обидува да стане добавувач на камери на најголемиот светски производител на електрични автомобили – Tesla.

Технолошкиот гигант конечно стави крај на шпекулациите.

Оттаму ги потврдија гласините и дадоа детали, пренесува sammobile.com.

Од Samsung Electro-Mechanics разбираме дека компанијата е во фаза на преговори за да стане снабдувач на камери.

Разговорите се очигледно прелиминарни и технолошкиот гигант не можеше да даде конкретни детали за договорот.

Samsung потврди во регулаторното поднесување дека продолжува да работи на „унапредување и диверзификација на модулите за камерата“, објави Ројтерс.

Минатата година Samsung ја лансираше својата прва камера за автомобил, ISOCELL Auto 4AC. Тогаш се шпекулираше дека компанијата можеби склучила договор вреден 436 милиони долари со Tesla за набавка на камери за Tesla Cybertruck.

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, неодамна изјави дека Cybertruck е планиран за производство во средината на 2023 година. Во исто време, тој спомена дека наведениот датум можеби е малку „оптимистички“.

Слични содржини