Samsung претстави 5G модем кој е целосно компатибилен со 3GPP стандардите

од Vladimir Zorba

Samsung Electronics објави развој на Exynos Modem 5100, за кој тврди дека е првиот 5G модем, целосно компатибилен со 3GPP Rel.15, најновата стандардна спецификација за 5G New Radio (5G-NR). Модемот е изграден по 10-nm процес и ги поддржува постоечките безжични технологии во еден чип.

Според компанијата, Exynos Modem 5100 ќе ја забрза комерцијализација на 5G, a во меѓувреме Samsung успеала да направи over-the-air (OTA) 5G-NR трансфер на податоци откако користела 5G базна станица и прототип на терминал уред со модемот.

Корејците тесно соработуваат со многу глобални мобилни оператори и партнери за брзо имплементирање на технологијата 5G во употреба. Exynos Modem 5100 поддржува фреквенциски опсези sub-6GHz и mmWave кои се дефинирани во 5G стандардот на 3GPP, а освен тоа е компатибилен со 2G GSM / CDMA, 3G WCDMA, TD-SCDMA, HSPA и 4G LTE мрежи. Ова е корисно бидејќи очекувањата се првото воведување на 5G што треба да се направи преку постоечката инфраструктура.

Модемот обезбедува брзина на симнување на податоци до 2 Gbps во sub-6 GHz опсег и 6Gbps во mmWave опсег. Во 4G мрежите, брзините за преземање достигнуваат 1.6Gbps.

Слични содржини