Еден од петмина муслимани во Велика Британија „има симпатии„ за оние кои заминуваат за Сирија за да им се приклучат на џихадистите и за да се борат, покажува истражувањето на лондонскиот весник „Сан“.

џихАДИСАТ

Весникот открива дека по повод податоците од истражувањето и изразената симпатиза за ИД и за оние кои се приклучуваат, убивајќи несунитски муслимани и немуслиманско население, „истакнати британски муслимани„ изразиле голема загриженост.

– Истражувањето е повик за будење во британската јавност, порачале овие луѓе за „Сан“.

Податоците на весникот се појавуваат истовремено со изјавата на премиерот Дејвид Камерон дека џихадистите на Исламска држава и тероризмот ќе бидат на крајот победени и уништени.

„Ние ќе го совладаме тероризмот и отровната идеологија што го потикнува„ пишува Камерон во авторски текст во весникот „Дејли Телеграф„.

За борбата со терористичката закана на британска почва, владата одлучи да формира бригади од вкупно пет илјади спцијалци, како дел од силите за брза интервенција во случај ИД да изврши напад на територијата на Британија.

Со новиот план за „стратешка одбрана и безбедност“ е предвидено за потребите на одбраната и сигурноста на земјата да се потрошат 178 милијарди фунти, во следните десет години.

Според лондонските медиуми, целта на овој антитерористички план е уништување на Исламска држава (ИД).

Камерон денеска во Париз, со францускиот претседател Франсоа Оланд ќе разговара за заедничката стратегија и координацијата во војната со тероризмот.

Лондонски „Тајмс“ бара од Камерон и владата да и помогнат на Франција, порачувајќи дека Лондон мора да биде „рамо до рамо“ со Париз во сегашната антитерористичка борба./МИА

Слични содржини