Сања за Погба: Го гледам како се враќа во Торино

од Aleksandar Petrovski

Поранешниот француски репрезентативец Бакари Сања го сподели своето мислење за иднината на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

– Мислам дека Погба ќе се врати во Јувентус, затоа што Кристијано игра таму, и токму во овој клуб се афирмира Пол. Тој го сака клубот и го знае тоа. Одењето во Реал Мадрид нема да биде лесно, бидејќи сега работите на клубот не одат како што треба, тие очекуваат многу од Пол, плус составот на тимот старее. Јуве потпиша играчи како Ремзи и Кристијано. Да, Роналдо веќе не е млад, но игра како младите, и во секој случај Јуве има млад. Ако ги земеме предвид следните 2-3 години, тогаш потенцијалот на Јувентус е поголем од оној на Реал Мадрид, нагласи Сања.

Погба во моментов е фудбалер на Манчестер јунајтед, но поголемиот дел од сезоната ја пропушти поради повреда.

Слични содржини