Санадер излегува на слобода до крајот на месецот

од Vladimir Zorba

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер ќе биде пуштен да се брани од слобода до 30 ноември и тоа без кауција, објаву порталот ТВН1.

sanader

Уставниот суд ја укинал одлуката на Врховниот суд според која Санадер може да излезе на слобода со 12,4 милиони куни кауција, бидејќи процениле дека постои опасност од бегство.

Во одлуката на Уставниот суд пишува дека опасност од бегство во постои, а со тоа нема потреба од кауција, па ќе може да излезе на слобода до 30 ноември. Уставниот суд додава и дека понискиот суд ќе мора да ја преиначи одлуката и да го пушти Санадер на слобода со други мерки за обезбедување или други основи за истражен затвор.
Санадер во притворската единица во Реметинац е од декември 2012 година, кога му беше изречена првата, потоа укината пресуда за случаите Хипо и Ина-МОЛ.

Слични содржини