Санчез: Близу сме до почеток на смирување на ситуацијата во Шпанија

од Aleksandar Petrovski

Новите податоци во однос на коронавирусот во Шпанија се охрабрувачки и државата се приближува кон почетокот на смирување на епидемијата, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.

– Пожарот почнува да се става под контрола, изјави Санчез во Парламентот пред гласањето за продолжување на вонредната состојба за уште две седмици.

Вонредната состојба треба да трае до 26 април.

Санчез рече дека враќањето во нормала ќе се изврши постепено и многу внимателно, пренесува „Ел Паис“.

Слични содржини