Сандерс: Ова се избори меѓу Трамп и демократијата

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот сенатор Берни Сандерс, поранешен кандидат за претседател на Демократската партија, рече дека претстојните избори се „избори помеѓу (актуелниот претседател) Доналд Трамп и демократијата и дека демократијата мора да победи“.

Кажал дека Трамп е „подготвен да ја поткопа американската демократија само за да остане на власт“ и повика на формирање на независна комисија за следење на претседателските избори на 3 ноември, пренесе „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Претходно, на новинарско прашање,Трамп одби да се обврзе на мирен трансфер на власта и рече дека очекува неговата битка со демократскиот кандидат eо Бајден да ја реши Врховниот суд на САД.

Суштинска важност на изборите

Сандерс рече дека Трамп, кој заостанува зад Бајден во анкетите, планира голема манипулација со гласовите и „сее семе на хаос, конфузија и теории на заговор ширејќи сомневања за регуларноста на изборите“.

Истакна дека е од суштинско значење Трамп да ја напушти функцијата доколку изгуби на изборите.

„Ова се избори меѓу Доналд Трамп и демократијата; демократијата мора да победи“, рече Сандерс, кој го поддржува Бајден, откако загуби во трката за претседателската номинација на демократите.

Слични содржини