Санкционирани 175 возачи во Скопје, 95 за брзо возење

од Vladimir Zorba

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што изрече вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 95 санкции, четири за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Како што информира МВР, изречени се и седум санкции за управување под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за неносење сигурносен појас и една санкција за возач почетник…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.

Слични содржини