Санкции за 113 возачи во Скопје

од Nikola Popovski

На територијата на град Скопје во последните 24 часа изречени се вкупно 113 мерки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-За возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, седум за управување возило под дејство на алкохол, четири за користење мобилен телефон за време за возење, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, велат од полицијата и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини