Санкции за 192 возачи во Скопје, 116 возеле со повеќе од дозволената брзина

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот и објави дека на територијата на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 116, 15 санкции за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила.

„Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас и 17 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Слични содржини