Санкции за 215 возачи во Скопје

од Nikola Popovski

МВР информира дека на територијата на град Скопје изречени се вкупно 215 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 142 санкции, 23 за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол.

-Во последните 24 часа, од вкупниот број санкции, изречени се шест мерки за некористење сигурносен појас, седум за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од полицијата.

Слични содржини