Санкции за 231 возач, 6 возеле под дејство на алкохол

од Nikola Popovski

МВР продолжува со акциските контроли во сообраќајот, па така на територијата на град Скопје изречени се вкупно 231 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.

-Изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон, девет за некористење сигурносен појас, 13 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за непрописно престигнување и обиколување, 58 за непрописно паркирање, стои во соопштението од полицијата.

Слични содржини