Санкции за 232 возачи во Скопје, 17 од нив возеле под дејство на алкохол

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Од таму известуваат дека на територијата на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 86 санкции, 19 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 5 санкции за возачи почетници.

Исто таа биле изречени се 17 за возење под дејство на алкохол, 8 за користење мобилен телефон, 5 за некористење сигурносен појас, 5 за минување на затворен сигнал (црвено светло), 34 санкции за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од полицијата.

Слични содржини