Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие (16/17.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 394 прекршоци.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.