Санкции за 459 граѓани кои не носеле заштитна маска

од Nikola Popovski

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на изминатото деноноќие (10/11.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 459 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со коронавирусот.

Слични содржини