Санкции за пребрзо возење: Се движел со 217 километри на час!

од Nikola Popovski

МВР денеска информира дека Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 138 возила.

-Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, велат од полицијата.

Според објавеното на сајтот на ресорното министерство, еден од санкционираните возачи се движел со дури 217 километри на час.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Слични содржини