Санкционирани 8 возила кои вршат јавен превоз на подрачје на СВР Тетово

од Берта Китинска

На поширокото тетовско подрачје денеска (31 август) во периодот од 8 до 12 часот беше спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, со која вкупно биле опфатени 33 вакви возила.При контролата било утврдено дека 8 од нив имале неисправни сопирачки, претежно комбиња и такси возила, кои веднаш се исклучени од сообраќај и на кои им се изготвени законски предвидените поднесоци. Санкционирани, исто така, биле и 11 други видови сообраќајни прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Тетово со почетокот на новата учебна година уште повеќе ќе ги засили овие контроли, зашто со автобуси и комбиња од и кон училиштата секојдневно се превзуваат голем број ученици од тетовските основни и средни училишта.Поради тоа, до нивните сопствениции оние кои ги управуваат се апелира навреме да ја проверат техничката исправност, да ги отстранат евентуалните недостатоци и исклучиво да ги управуваат лица со положен возачки испит и валидни возачки дозволи.Секој недостаток на овој план ќе биде санкциониран,а возилата ќе се исклучуваат од сообраќај.

Слични содржини