Сара Мејс: Маските колку што не’ “штитат”, толку и не’ разболуваат

од Берта Китинска

Мислам дека стравот oд коронавирусот нема како да вроди со плод. Ниту пак „неживеењето” и „непостоењето”. Не е поентата да се „претпазиш од нешто”, разболувајќи од друго нешто. Не треба да се плашиме, треба да внимаваме. Под внимавање подразбирам да се грижиш за своето здравје преку правилна исхрана и спорт. И дистанца. Маските колку што не’ „штитат“, толку и не’ разболуваат, вели пејачката Сара Мејс во интервјуто за „Стандард“.

За себе ќе каже дека семејството и музиката и се двете најголеми музи.

-Тоа се моите љубови, па затоа можеби и не ги гледам како обврски, туку како „живеење, битисување, постоење”….Лесно е кога нешто сакаш многу силно. Просто наоѓаш време… вели Сара.

На прашањето за тоа дали има идеја или предлог како да се организираат настапите и како да се крене свеста на луѓето кои доаѓаа да ги почитуваат мерките, вели дека треба да има санкции за оние кои не ги почитуваат мерките, а не сите поради нив да страдаат.

-Одговорот се крие во прашањето. 😁 Тие што не ги почитуваат мерките треба да сносат последици. А не сите заради нив.  Зошто музиката е храна. Духовна. Лек. Начин на живот. Како сакате. Има луѓе на коишто им е навистина многу потребна, смета таа.

Слични содржини