Сарачини: Најгнасните удари по хонорарците во Владата дојдоа токму од оние што се продаваат во јавноста како нивни заштитници

По објавениот список од Владата на хонорарци кои биле ангажирани, но и транспаретна објава за нивната улога и висината на нивниот хонорар, се огласи и Петрит Сарачини, кој според списокот бил ангажиран за хонорар во висина од 42.000 денари.
Оттаму, тој вели дека тие што треба да ги заштитуваат,  удриле најсилно на хонорарците…
„ТИЕ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ЗАШТИТУВААТ, УДРИЈА НАЈСИЛНО ПО ХОНОРАРЦИТЕ
Не знам дали видовте, најгнасните удари по прекарните работници, т.е хонорарци во Владата дојдоа токму од оние што се продаваат во јавноста како нивни заштитници. Почнувајќи од димчињата и партијата која се декларира како заштитник на работниците, па се до некои бивши и сегашни демек „синдикални“ активисти.
А знаете зошто?
Затоа што тие немаат врска со работничките права, ниту со маките на хонорарците и авторите со непостојан ангажман.
Сите овие „борци за работнички права“ се одлично ситуирани, со солидни професорски плати во јавниот сектор, или фино платени работни места и хонорари во граѓанскиот сектор, во медиумите, или во тајните списоци на партиите, поголеми од многу авторски надоместоци што ги објави Владата.
Утре пак ќе врескаат против прекаријатот, ќе викаат дека ги бранат правата на хонорарците. Не им верувајте на овие лажговци и манипулатори“, се вели во фејсбук објавата на Сарачини непосредно по објавувањето на списокот.

Слични содржини